Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска го пушти во употреба системот Супер компјутер во државната администрација.
На промоцијата беа презентирани способностите и целите за користење на системот набавен од Министерството за информатичко општество на јавен повик.
- Идејата за набавката на еден ваков систем произлезе од деталната анализа што ја направивме за беспрекорно спроведување на екстерното тестирање во Република Македонија, што е планирано за крајот на оваа учебна година. Се одлучивме на тоа затоа што секаде во светот се праваат стратегии за централизирање на услугите, за намалување на системите за одржување, за намалување на потрушувачката на енергија, дополнителни систем сали, како и максимална искористеност на постоечките ресурси или виртуализација, рече министерот Ивановски на промоцијата.
- Овој систем и беше неопходен на нашата државна администратица. Неговата моќност эначително ќе ги подобрат услугите што се моментално достапни эа граѓаните и приватниот сектор како и идните услуги. Раэвојот на информатичкото општество во Македонија продолжува да се раэвивива со брэо темпо, со темпо кое што во иэвештајот на Европската комисија во 2010, эа достапност на електронски услуги эа граганите, ќе не стави во првите 15 эемји, рече министерот Иво Ивановски.
ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАСТАНОТ