Софија, 30-31 март 2009
Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска, со делегација од Министерството за информатичко општество - МИО, во својата дводневна работна посета во Софија, оствари многу значајни ИКТ средби во државните институции за информатички технологии и телекомуникации на Р. Бугарија.
Првиот работен ден беше остварена средба со заменик потпретседателите на Државната агенција за информатички технологии и соопштенија - ДАИТС д-р Красимир Симонски и Димитар Станчев, на која беа претставени досегашните и идните проекти на агенцијата. Организирана беше и посета на дата центарот на Р. Бугарија, телецентрите, како и на Бугарската академска и истржувачка мрежа – БОИМ, со директорот Бојко Лечев.
Владината делегација предводена од заменик министерот во МИО д-р Секуловска го посетија и Националниот иновативен центар за ИКТ – НИЦИКТ.
Заменик министерот Мирјана Секуловска се сретна и со извршниот директор на НЕРА Бугарија г-дин Никола Куманов и се договорија за продлабочување и интензивирање на билатералната соработка во иднина меѓу двете земји.
ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАСТАНОТ