Министерството за информатичко општество на ден 18.05.2010 година во Клубот на пратеници, со почеток во 10 часот, организира јавна расправа по однос на предлог – подзаконските акти согласно Законот за електронско управување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 105/2009).
Се покануваат сите заинтересирани лица, министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје, да учествуваат во јавната расправа и да придонесат придонесат во процесот на создавање на квалитетна регулатива.
Предлог верзиите на подзаконските акти можете да ги најдете во делот на документи – закони на оваа веб локација, или поточно на следната врска: http://www.mio.gov.mk/?q=node/217.