Скопје, 06 август 2011
Почитувани,
Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (Британската Влада) претставена од Министерството за надворешни работи и Комонвелтот, во понеделник, 08.08.2011 во 11:30 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов „Поддршка за реформите во јавната администрација“.
Проектот ќе започне на 1 септември 2011 година и ќе заврши на 31 март 2013 година.
Проектот има за цел да се поддржи Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во воспоставување и менаџирање на процесот на управувањето со човечки ресурси и воспоставување концепт за учење и развој во рамки на националните реформи во јавната администрација (РЈА).
Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.
Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.