Процена е процес на определување, односно проценување на пазарната вредност на предметот на процена од страна на овластен проценувач, во случаи определени со Закон или по барање на заинтересирано лице – нарачател.
Согласно Законот за процена, процена се врши во случаи на:
За да станете проценител најпрво треба да ги исполните условите за да се пријавите на прва почетна обука, кои според Законот се:
Доколку ги исполнувате условите за проценител од соодветна област, се пријавувате на оглас за обука кој го распишува Комората на проценители, поднесувјќи ги потребните документи согласно огласот. Откако ќе ја завршите обуката добивате сертификат за почетна обука. Понатаму, треба да се пријавите на огласот за прв стручен испит за проценител, кој го објавува министерството одговорно за соодветната област на процена. Со успешно положување на стручниот испит добивате уверение за положен прв стручен испит.
Уверението за положен испит треба да го искористите во рок од една година за да се вработите кај правно лице регистрирано за процена или да отворите сопствена фирма и да станете трговец поединец. Со ова вие како трговец поединец или фирмата каде сте вработени како проценител поднесува барање до соодветното министерство зависно од областа за која сте полагале стручен испит и министерството издава Лиценца. Откако ќе ја земете лиценцата согласно законот, станувате проценител и можете да вршите процена.
Министерството за информатичко општество и администрација е надлежно за процената од областа на информатичките технологии и на неговата веб локација во делот Документи/Закони, може да се најде Методологијата за процена на вредноста на информатичка технологија. Во делот ИТ Проценители/Документи, покрај Методологијата, може да ги најдете и следните документи: Програма за прва почетна обука за проценувачи на вредноста на информатичка технологија, Програма за полагање на стручен испит за проценувач за процена на вредноста на информатичка технологија и Правилник за бодирање на писмениот дел од стручниот испит за проценувачи од областа на информатичка технологија.
Почетната обуката за проценител се организира за стекнување практични и теоретски знаења и вештини, со цел да се создадат обучени и стручни кандидати за полагање на стручен испит за проценувач.
Почетната обука за проценувач ја спроведува Комората на проценувачи во соработка со соодветното министерство и не може да трае повеќе од 30 часа.
По завршената обука кандидатот може да го полага стручниот испит најдоцна во рок од една година од завршување на обуката.
Огласот со кои се покануваат сите заинтересирани лица да посетуваат обука се објавува во два дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република Македонија.
Кои документи треба да се поднесат за обуката и каде?
Кандидатите кои имаат интерес за посетување на почетна обука за овластен проценувач од областа на ИТ треба да поднесат Барање до архивата на Комората на проценители и следните документи да ги приложат кон барањето:
Кои документи треба да се поднесат за испитот и каде?
Кандидатите кои имаат интерес за полагање на првиот стручен испит за овластен проценител од областа на ИТ треба да поднесат Барање до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на адреса: Министерство за информатичко општество и администрација ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, со приложување на следните документи:
Надоместокот на трошоците за испит за проценувач изнесуваат 5.000,00 денари. Надоместокот за трошоците за испит за проценувач за лица кои повеќе од шест месеци се невработени, изнесува 1.500,00 денари, за што е потребно да се достави потврда за невработеност која не може да биде постара од 15 дена од денот на објавување на Известувањето.
Корисниците на социјална помош се ослободени од плаќање на трошоците за испит со доставување на потврда за корисник на социјална помош, која не може да биде постара од 15 дена од денот на објавувањето на Известувањето.
Засега, надоместокот за испит е утврден на национално ниво и за сите области на процена.
Кога ќе се одржи следниот стручен испит?
Терминот за следниот испит, согласно законот ќе биде објавен во два дневни весници и на нашата веб локација www.mioa.gov.mk.
Дали има ограничен број на лиценци?
Бројот на кандидати за обука, кандидати за испит и барања за лиценци, не е ограничен, но влијае на организацијата на обуката и испитот.
Кoнтакт тeлeфон за повеќе информации: 3200-898