Скопје, 15 ноември 2017 година
Министерството за информатичко општество и администрација, организира јавна дискусија на која повторно ќе се разговара за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во х. Александар Палас.Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива. Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, јавната дебата е отворена за сите заинтересирани граѓани.
Министерство за информатичко општество и администрација