Скопје, 01 јуни 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, имаа обраќања на тематскиот форум: „Една година влада – осврт на граѓанските организации кон досегашните постигнувања и идни очекувања“, што се одржа вчеравечер, заедно со претставници на Цивика мобилитас во којашто членуваат околу двесте грантисти, како и пред претставници на донаторите на проектот, Швајцарската агенција за развој и соработка на Шведскиот институт за јавна администрација.