Манчевски: Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта

Скопје, 3 мај 2018 година

Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој.

Мерката за самовработување креира успешни приказни- во 2017 отворени 165 фирми, вработени 191 лица

Скопје, 26 април 2018 година

Кристијан Трајковски, Марко Зарев и Симон Стојановски наскоро ќе ја промовираат својата прва видео игра. На почетокот на годинава го отвориле своето независно студио за изработка и издавање на видео игри ,,Дарк-1’’. Дилемата дали да отворат фирма во земјава или пак во странство ја решиле откако дознале за можноста да добијат грант за самовработување од 10 илјади евра преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и услуги за вработување. Оваа можност била одлучувачка да започнат со остварување на својот сон во својата земја.

Покана за конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020

Скопје, 26 април 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020".

Манчевски: Регистарот на население ќе ги доближи услугите до граѓаните

Скопје, 20 април 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска организираше јавна трибина за Законот за централен регистар на население и Законот за електронско управување и електронски услуги.

 

Јавна трибина за Регистар на население и електронски услуги

Скопје, 20 април 2018 година

Во рамки на проектот за воспоставување на централен регистар на население и воведување на електронски услуги, беа изготвени Закон за централен регистар на население и Закон за електронско управување и електронски услуги.

Поради исклучителното значење на централниот регистар на население и дигитализацијата на услугите на јавната администрација, Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна трибина.

Јавната трибина ќе се одржи на 20.04.2018 година (петок), во 11 часот, во кино салата на Клубот на пратеници
Инвестирањето во инфраструктурата, во човечките ресурси и во капацитетите во администрацијата создава креативно опкружување

Скопје, 19 април 2018 година

На последната панел сесија „Дигитална економија и општество“, во рамки на Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан,  се разгледуваа практичните услови за дигитална поврзаност на Западен Балкан за воспоставување соодветна рамка за нивно дигитално поврзување.

 

Идеите и препораките од првиот „Дигитален Самит на Западен Балкан“ се насоки за креативна дигитална трансформација на регионот

Скопје, 19 април 2018 година

Во завршницата од дводневната агенда на првиот „Дигитален самит на Западен Балкан“, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски одржаа прес конференција на која ги пренесоа пораките и заклучоците кои произлегоа од првиот самит за дигиталната агенда на регионот.

Интензивирање на регионалната соработка за подобра дигитална иднина на Западен Балкан

Скопје, 18 април 2018 година

Со церемонијата на свеченото отворање денеска отпочна со работа дводневниот регионален настан „Дигитален Самит на Западен Балкан“.

На свеченото отворање за значењето на самитот и за придобивките од неговата агенда за земјите од регионот говореа Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, државниот секретар во Министерството за економија и енергија на Сојузна Република Германија Томас Барејс, и министерот на информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Земјите од Западен Балкан преку дигитална трансформација ќе бидат дел од Европската Унија

Скопје, 18 април 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел и  Генерален секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, на заедничка прес конференција се осврнаа  на значењето на првиот Дигитален Самит што се одржува во Скопје.

Македонија е домаќин на првиот регионален Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан

Скопје, 12 април 2018 година

На 18ти и 19ти април Македонија ќе биде домаќин на еден од најголемите регионалните настани за оваа година - Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан. Настанот претставува дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација за приближување на регионот до Европската Унија.

МИОА со реакција на обвинувањата за јавната набавка за Дигиталниот Самит

Скопје, 12 април 2018 година

Во однос на обвинувањата за постапката за јавна набавка за техничка реализација на Дигиталниот Самит, Министерството за информатичко општество и администрација ја информира јавноста дека во спроведената постапка нема ништо спротивно на Законот за јавни набавки.

Syndicate content