Скопје, 20 декември 2017 година
Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ќе се одржи јавна трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.