Париз, 14 декември 2017 година

Во рамки на работната посета на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во Париз, оствари билатерална средба со заменик-премиерот на Република Албанија, Сенида Меси.
На средбата беа отворени прашањата поврзани со реформите во јавната администрација на што во моментов работат двете држави.