Премиерот Груевски и министерот Ивановски ќе претстават ново целосно компјутеризирано училиште

Скопје, 23 Април 2008

Премиерот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски и министерот за Информатичко општество м-р Иво Ивановски, утре, 24 април 2008 година (четврток), ќе претстават ново целосно компјутеризирано училиште во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“.


Презентацијата ќе се одржи во средното медицинско училиште “Панче Караѓозов” во Скопје во 13:30 часот. На презентацијата ќе бидат присутни и министрите за Финансии и Транспорт и врски, Трајко Славевски и Миле Јанакиески и неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ.


Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.


Скопје, 23 април 2008 година