Министерот Ивановски организира деловен ручек

Скопје, 20 јануари 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија, м-р Иво Ивановски утре, 21 јануари 2009 година, ќе организира деловен ручек на кој тема на разговор ќе биде развојот на е-содржини во основните и средните училишта.

На деловниот ручек ќе присуствуваат министерот за образование и наука, Перо Стојановски, директорката на Бирото за развој на образование, Весна Хорватовиќ, како и претставници на меѓународни организации и претставници од деловната заедница.

 

По воведните излагања на министрите Ивановски и Стојановски ќе следи ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА.

 

Деловниот ручек ќе се одржи во хотел „Александар Палас“, со почеток во 12.00 часот.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.