Министерот Ивановски во работна посета на Словенија

Скопје, 25 февруари 2009

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски утре, 26 февруари 2009 година, ќе оствари работна посета на Република Словенија. За време на посетата, предвидено е министерот Ивановски да се сретне со министерот за јавна управа на Словенија Ирма Павлинич Крепс и со државниот секретар за високо образование и наука со цел да се разменат искуствата на Република Словенија и Република Македонија во развојот на информатичкото општество.

 

Исто така, за време на престојот министерот Ивановски ќе посети и неколку ИТ компании.