Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска во дводневна работна посета во Естонија

Талин, 05 март 2009

Заменик министерот Секуловска заедно со претставници од другите министерства и државни институции на Република Македонија, во текот на вчерашниот и денешниот ден се наоѓаат во работна посета во Република Естонија.
За време на посетата реализирани се значајни работни средби со претставници на Државниот центар за информатика, Центарот на регистри и информациски системи на Естонија, Естонскиот е-влада демо центар, Министерсвото за правда, Министерството за внатрешни работи.

Исто така во рамки на посетата остварени се и средби со компании од ИТ секторот, како и со Асоцијацијата на информациски технологии и телекомуникации на Република Естонија.


Повеќе слики од настанот