Службена посета на министертот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски на Словенија

Љубљана, 26 февруари 2009

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски на 26.02.2009 (четврток) за време на службената посета на Словенија, имаше деловна вечера со Министерот за јавна управа на Словенија, г-ѓа Ирма Павлинич Кребс. На вечерата беа присутни и државниот секретар од Министерството за јавна управа д-р Бранко Лобникар и државниот секретар од Министерството за високо образование д-р Јозеф Гиоркос.

На истата беа разменети искуствата на двете земји од областа на информатичкото општество и беше разгледана можноста од меѓусебна соработка.



 

За време на еднодневната посета на министерот Ивановски на Словенија беа остварени повеќе средби. Тричлената делегација од Министерството за информатичко општество го посети Министерството за јавна управа на Словенија каде што раководителот на секторот за развој на е-влада, е-администрација , г-дин Тадеј Габриел го презентираше проектот за е- администрација, кој е веќе воведен во Словенија. Алеш Добникар, Раководител за меѓународни односи презентираше за ПКИ и за дигитални сетртификати, а имаше и други презантации од претставници на ова министерство, за проекти кои планираат или се во тек на реализација во Република Македонија. Целта на овие презентации е согледување на проблемите и грешките кои се јавуваат во текот на имплементација и можноста за нивно елиминирање при имплементацијата на истите во Македонија.

 





Во попладневните часови Министерот Ивановски го посети домот за рехабилитација на лица со посебни потреби ИРИС, каде што му бе презентирани врвни технолошки помагала за олеснување на животот на лица со различен вид на инвалидитет.