Министерот Ивановски во работна посета на Бугарија

Скопје, 10 март 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски утре, 11 март 2009 година ќе биде во еднодневна работна посета на Софија, Република Бугарија.


На покана на министерот за државна администрација и административни реформи на Република Бугарија Николај Василев, министерот за информатичко општество на Република Македонија м-р Иво Ивановски, ќе присуствува на 10-тата јубилејна Национална конференција за е-Governance.

Министерот Ивановски ќе има свое обраќање во рамките на официјалното отворање на Конференцијата, а за време на престојот во Софија ќе оствари и работна средба со потпретседателот на Државната агенција за информациони технологии и соопштенија на која ќе бидат разменети искуствата на двете земји од областа на информатичкото општество и ќе биде разгледана можноста за соработка на ова поле.