Учество на министерот Ивановски на 10-тата јубилејна Конференција за електронско управување

Софија, Р. Бугарија, 11 март 2009

На 11 и 12 март 2009 година, во Софија се одржа 10-тата јубилејна Конференција за електронско управување, во организација на ICT Мedia, Министерство за државна администрација и технологии и информации на Република Бугарија.



Конференцијата ја отвори министерот за државна администрациај и административна реформа, Николај Басилев, а како специјални гости пред учесниците на Конференцијата се обратија Министерот за информатичко општество на Република Македонија, Иво Ивановски и директорот на Генералната дирекција “Информатички технологии” при ЕК, Франциско Гарсија Моран.

Годинешнава Конференција е посветена на соработката меѓу сите нивоа на администрацијата во процесот на електронско управување во Република Бугарија, како и на примената на добрите европски практики во сферата на е- администрацијата, е-управувањето и е- услугите, во законодавната, извршната и судската власт.




За време на престојот, министерот Ивановски ја посети и Државната агенција за информатички технологии и информации на Република Бугарија, каде што од блиску се запозна со најсовремените ИТ достигнувања во Бугарија (суперкомпјутер “Blue Gene”), со програмата за компјутеризација на општините и училиштата и нејзино менаџирање.




Воедно, министерот за државна администрација и административна реформа, Николај Василев, на деловниот ручек во негова организација, уште еднаш ја потврди желбата за продлабочување и интензивирање на соработката во оваа област помеѓу двете земји.