Прес-конференција на министерот Иво ИвановскиСкопје, 17 март 2009 И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски, утре 18 март 2009 година, во 14.00 часот, ќе одржи ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА во врска со одржувањето на првиот состанок на Националниот совет за информатичко општество.
Во Националниот совет за информатичко општество членуваат реномирани и докажани експерти од областа на информатичко општество, претставници на јавниот, деловниот, граѓанскиот и академскиот сектор, како и претставници на локалната самоуправа. Прес-конференцијата ќе се одржи во Владата на Република Македонија.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери. |