Презентација на првиот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација

Скопје, 26 март 2009

Министерот за информатичко општество на Република Македонија м-р Иво Ивановски, во петок, 27 март 2009 во 11 часот, ќе го промовира и свечено ќе го пушти во работа првиот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација, кој што претставува најмоќен систем во Република Македонија.

 

По тој повод Ве покануваме да присуствувате на оваа промоција, за да се запознаете со способностите на овој систем, како и намените за кој што истиот ќе се користи. Промоцијата  ќе се одржи во Заводот за статистика, мала сала на втори кат.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.