И З В Е С Т У В А Њ Е

Скопје, 26 март 2009

Денес, 26.03.2009 година (четврток) во 15:30 часот, во просториите на Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески, министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, министерот за образование и наука, Перо Стојановски, и директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ ќе присуствуваат на презентацијата на обуките за ЕДУБУНТУ.  Исто така, присутните на настанот ќе дадат изјава за медиумите.

 

На настанот ќе присуствуваат и претставници на провајдерите, Природно-математичкиот факултет и ФОН Универзитетот, кои на лице место ќе го презентираат функционирањето на обуките за ЕДУБУНТУ.

 

ЕДУБУНТУ е едукативна програма за која ќе се обучуваат професорите во училиштата како да ги користат компјутерите за предавање на наставните содржини на часовите. Обуката започнува во март и со неа ќе бидат обучувани професорите од средните училиштата во Република Македонија.

 

 

Се покануваат сите медиуми да го проследат настанот.