Заманик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска во еднодневна посета на Република Словенија

Љубљана, 26 март 2009

Во рамки на билатералната соработка меѓу Република Словенија и Република Македонија, денес заменик министерот за информатичко општество Секуловска се наоѓа во работна посета на министерството за јавна администрација на Р. Словенија и во посета на Јавната установа ARNES.

 

За време на посетата заменик министерот се сретна со високи функционери од Министерството за јавна администрација и на средбите се разговараше за словенечките искуства на разни теми во градењето на информатичко општество.
На средбата во ARNES, заменик министерот Мирјана Секуловска со директорот Марко Бонач разменија мислења за организацијата и функционирањето на научно-истражувачката мрежа и нејзиниот развој.

 

Од страна на министерството за јавна администрација беше организирана деловна вечера на која присуствуваа заменик министерот Секуловска со владината делегација на Р. Македонија и високи претставници на MPA и ARNES