Промовиран системот СУПЕР КОМПЈУТЕР во државната администрација

Скопје, 27 март 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска го пушти во употреба системот Супер компјутер во државната администрација. На промоцијата беа презентирани способностите и целите за користење на системот набавен од Министерството за информатичко општество на јавен повик.

- Идејата за набавката на еден ваков систем произлезе од деталната анализа што ја направивме за беспрекорно спроведување на екстерното тестирање во Република Македонија, што е планирано за крајот на оваа учебна година. Се одлучивме на тоа затоа што секаде во светот се праваат стратегии за централизирање на услугите, за намалување на системите за одржување, за намалување на потрушувачката на енергија, дополнителни систем сали, како и максимална искористеност на постоечките ресурси или виртуализација, рече министерот Ивановски на промоцијата.

 

Според него, во голем дел од приватниот и државниот сектор постојат моќни системи, кои што доволно не се искористуваат поради децентрализацијата. Но, со цел да се воведи стандардизација, да не се дуплираат финансиски средства помеѓу институциите, Министерството за информатичко општество, како што рече Ивановски, се одлучи да набави еден ваков супер компјутер кој претставува кластер од повеќе сервери кои што функционираат како единка. Системот е со капацитет истовремено да поддржува 100.000 корисници, беэ деградација на перформансите. Се состои од 13 блејд сервери од кои осум се апликативни со многу моќни перформанси. Секој од овие сервери има по осум јадра на процесори и 32ГБ на РАМ меморија и е дополнително виртуелно поделен на осум сервери, со што се добива впечаток дека има 64 моќни сервери. За складирање на податоците ќе се грижи 25ТБ сториџ систем од ЕМЦ.

 

- Овој систем и беше неопходен на нашата државна администратица. Неговата моќност эначително ќе ги подобрат услугите што се моментално достапни эа граѓаните и приватниот сектор како и идните услуги. Раэвојот на информатичкото општество во Македонија продолжува да се раэвивива со брэо темпо, со темпо кое што во иэвештајот на Европската комисија во 2010, эа достапност на електронски услуги эа граганите, ќе не стави во првите 15 эемји, рече министерот Иво Ивановски.

 

ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАСТАНОТ