Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска на значајни ИКТ средби во Софија, Р. Бугарија

Софија, 30-31 март 2009

Заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска, со делегација од Министерството за информатичко општество - МИО, во својата дводневна работна посета во Софија, оствари многу значајни ИКТ средби во државните институции за информатички технологии и телекомуникации на Р. Бугарија.

Првиот работен ден беше остварена средба со заменик потпретседателите на Државната агенција за информатички технологии и соопштенија - ДАИТС д-р Красимир Симонски и Димитар Станчев, на која беа претставени досегашните и идните проекти на агенцијата. Организирана беше и посета на дата центарот на Р. Бугарија, телецентрите, како и на Бугарската академска и истржувачка мрежа – БОИМ, со директорот Бојко Лечев.

 

Вториот ден заменик министерот Секуловска беше на работна средба во Координативниот центар за информатички, комуникациски и менаџмент технологии – КЦИКУТ на Р. Бугарија со д-р Румен Трифонов, директор на КЦИКУТ. На средбата се дискутираше за електронското управување во Бугарија и за прашања сврзани со интероперабилноста.

 

Владината делегација предводена од заменик министерот во МИО д-р Секуловска го посетија и Националниот иновативен центар за ИКТ – НИЦИКТ.

Заменик министерот Мирјана Секуловска се сретна и со извршниот директор на НЕРА Бугарија г-дин Никола Куманов и се договорија за продлабочување и интензивирање на билатералната соработка во иднина меѓу двете земји.

 

ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАСТАНОТ