Во ТЦ „Лептокарија“ промовирани два проекта од информатичката технологијаСкопје, 01 април 2009
Станува збор за отворање на слободна интернет зона на територијата на општина Карпош, за почеток само во трговските центри. Процесот ќе биде овозможен преку склучување договори меѓу локалната самоуправа и сопствениците на продавниците, кафулињата, рестораните....итн.
- Проектот е револуционерен, бидејќи се применува прв пат во Македонија. Верувам дека за кратко време ќе направиме општината да биде слободна интернет зона на целата територија. Досега се пријавени 72 локали кои ќе ја користат поволноста, рече Димиќ.
Вториот проект е тримесечен бесплатен курс за обука за компјутерски програми и учење на странски јазици преку интернет кој може да се користи од денеска. Ваучерите за користење на овој проект се бесплатни и можат да се набават во општина Карпош, а на нив стојат корисничкото име и лозинката за логирање. Веб страницата за користење е www.macedonian-school.com.
- Целта е што поголемо користење на интернетот, а и потребата на младите од странски јазици и компјутерски програми. Проектот нуди учење на англиски, албански, француски, германски, италијански и шпански јазик и повеќе програми, изјави Димиќ.
|