Најавен проект за поголема употреба на македонски зборови од ИКТ технологијата

Скопје, 09 април 2009

Преку нов проект „Користи македонески зборови“ Министерството за информатичко општество ќе спроведе активности за поголема употреба на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација и на македонски кирилични фонтови во работењето со компјутер. Преоктот, што го најави денеска министерот за информатичко општетсво Иво Ивановски, опфаќа две мерки. Со првата се предвидени активности за изработка на лексикон на зборови од ИКТ, а со втората изработка на македонски кирилични фонтови.

- Со притисокот што доаѓа од јужниот сосоед, се повеќе се нарушуваат нашиот идентитет и јазик и се загрозува нашата азбука. Со проектот ќе се обидеме да ја развиеме свеста кај младите да почнат да ги користат македонските зборови и  ќе ги збогатиме и заштититиме македонскиот јазик и писмо, оцени министерот Ивановски на прес-конференција.

 

Тој информира дека работна група составена од претставници на министерствата за информатичко општество и за култура и од Катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет  ќе врши идентификација на термини и зборови од областа на ИКТ за кои во комуникацијата се користат англиски термини, за да се најде нивен соодветен превод. Работната група треба да ги класифицира зборовите во три групи: зборови за кои треба да се најдат соодветни македонски за постоечките англиски, зборови за кои треба да се направи соодветен превод од англиски на македонски и трета група англиски теримини кои се широкот прифатени и за кои нема соодветен превод, односно ќе се прифатат во нивната оригинална форма.


Наведувајќи примери за соодветен превод на зборови за кои граѓаните  се изјасниле министерот Ивановски рече дека за зборовите он-лајн  би се користел зборот -вклучен на линија, за оф-лајн- исклучен од линија, за сервер- опслужувач, за веб сајт-  веб локација, за драјвер- двигател, за хард диск- тврд диск, за лап-топ- пренослив компјутер...
Според Ивановски, кај фонтовите кои постојано ги користиме на македонски јазик има проблеми бидејќи некои печатни букви не се од нашата азбука. 

 

-  Со проектот се опфатени 20 фонтови со печатни букви, 20 со  серифни букви и ракописни букви. Секој од овие фонтови содржи по 743 карактери и овозможување пишување текстови на околу 40 светски јазици, рече Ивановски, посочувајќи дека фонтовите треба да бидат завршени до почетокот на септември годинава.