Службена посета на министерот Иво Ивановски на Република Хрватска

Загреб, 24 април 2009

Делегација предводена од Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски на 24.04.2009 година оствари еднодневна официјална посета на Загреб, Република Хрватска. На истата беа остварени средби со  министерот за образование наука и спорт, проф. Д-р Драган Приморац, со државниот секретар во министерство за финансии Ивана Малетиќ и со државниот секретар во  средишниот државен уред за е- Хрватска, Игор Лучиќ.


На средбата со министерот Приморац и неговите стручни соработници беше разговарано за ИТ проектите во образованието на двете земји и за можноста за соработка во полето на образованието и науката. Во таа насока беа разменети искуства за функционирањето на информатичкиот систем од основното до високотото образование во двете земји. Исто така беше разгледана и идеата за заеднички настап пред европските фондови за оваа намена, што е од особена важност.

 

Во министерство за финансии беа пренесени искуствата за имплементацијата на е–потпис и е-идентификациски број на граѓаните, кој се применува од почетокот на годинава, а практичните искуства во функционирањето на е–влада беа тема на разговор во средишниот државен уред за е-Хрватска.

 

При посетата на Загреб беа остварени и средби со директорите на  академската и истражувачка мрежа CARNet и компjутерскиот центар SRCE.