Прес-конференција на министерот Иво Ивановски

Скопје, 04 мај 2009

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски утре, 5 мај 2009 година со почеток во 13.00 часот ќе одржи ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА во врска со намалувањето на дигиталниот јаз во руралните средини. Со овој проект ќе се инсталираат интернет - киосци со безжична антена Wi-Fi во 680 места во руралните средини на територијата на Република Македонија.

 

На овај начин, Владата ќе го поттикне приватниот сектор да изгради комуникациска мрежа во средини каде што не постои и на граѓаните во тие населени места ќе им се овозможи пристап до бесплатен интернет во период од 4 години.

 

Прес- конференцијата ќе се одржи во Владата на Република Македонија (Дебатна сала).

 

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери.