Одржана јавна расправа за предлог Законот за електронско управување

Скопје, 21 мај 2009

Заменик министерот за информатичко општество проф. д-р Мирјана Секуловска и работната група за проектот Интероперабилност на регистрите и базите на податоци во државните институции одржаа јавна расправа во Владата на Република Македонија за предлог Законот за електронско управување.

На расправата беа поканети и присуствуваа претставници од сите министерства и други државни институции, претставници на стопанските комори на РМ, претставници од судската власт, Народна Банка на РМ и претставници од бизнис заедницата, каки и експерти – професори од Факултетот за електротехника и информациски телекомуникации – Скопје.

 

Во јавната расправа зедоа активно учество голем дел од присутните, укажувајќи на големата потреба од донесувањето на Законот за електронско управување, бидејќи истиот претставува основа за поставување на електронската размена на податоците меѓу државните институции и другите правни субјекти.

 

На јавната расправа беа регистрирани позитивни забелешки, сугестии и предлози во насока на подобрување на текстот на законот, коишто работната група ќе ги има во вид при составувањето на конечната верзија на предлог законот за електронско управување.