Министерот м-р Иво Ивановски член на глобалната ИКТ алијанса- Интегрален текст од прес-конференцијата на министерот

Скопје, 25 мај 2009

Почитувани претставници на медиумите
Македонија доби свој претставник во управувачкиот комитет на глобалната алијанса за ИКТ и развој при Обединетите Нации!!!
Дозволете ми на кратко да ви образложам што е Глобалната Алијанса и како функционира.

 

Глобалнaта алијанса функционира како партнерство и мрежа поддржувано од Обединетите Нации, под Генералниот Секретар и под закрило на Економското Социјално Собрание.

Со неа раководи Управувачкиот комитет кој што ја креира извршната стратегија. УК се состои од претседател и неколку потпретседатели, вкупно 14 члена, поставени од Генералниот Секретар на ОН, со мандат од една година и можност за продолжеток.  
Под управувачкиот комитет се наоѓаат и стратешкото собрание, т.н мрежа на шампиони и високиот панел на советници.  


Стратешкото Собрание се состои од 65 членови од кои што 32 члена се претставници на држави, 11 членови се од приватниот сектор, 12 се од граѓанско општество и 10 се од интернационални организации. Ова собрание ја креира стратешката и приоритетната политика.  
Во мрежата на Шампиони, членуваат 43 експерти и активисти кои што имаат демонстрирано заложба за промоција и развојот на општеството со примена на ИКТ
 
А за експертски совет, собранието и управувачкиот комитет можат да се повикаат на групата на Високиот Панел на Советници. Во овој совет се добро познатите имиња на успешни бизнисмени и експерти кои ја поддржуваат мисијата на глобалната алијанса. Моментално има 109 членови кои што доааѓаат од целиот свет.
 
Кои се функциите на управувачкиот комитет.

-Најпрво ги дефинира средните и подоцнежните приоритети за работата на алијансата.

-Ги разгледува и одобрува мандатите на членовите во гореспоменатите тела.

-Ги разгледува периодично прогрес извештаите од експертите.

-Ги разгледува и одобрува формирањето на акционерски мрежи, регионални мрежи и регионални центри за успешност.

-Периодично ги разгледува прогрес извештаите од регионалните мрежи и регионалните центри за успешност.

-Разгледува и одобрува препораки од Секретаријатите во однос на партнерства, спонзори за настани и слично.

-Поттикнува активност за подигање на фондови од членовите, партнерите и други организации.

-Идентификува релевантни и високо технолошки идеи и ги проследува до стратешкото собрание и останатите.

 


За претседател на УК е назначен Крег Барет, поранешен долгогодишен Извршен Директор на Интел.  

 


Останати Членови

1. Talal Abu-Ghazaleh, Talal Abu-Ghazaleh Organization, Jordan/Egypt

2. Craig Barrett - Chairman

3. Renate Bloem, Conference of NGOs (CONGO)

4. Gloria Bonder, Chair Holder of the UNESCO Regional Chair on Women, Science and Technology in Latin America

5. Jennifer Corriero, TakingITGlobal, Canada

6. Ramón A. Garza, Índigo Media, Mexico

7. Mohsen A. Khalil, World Bank

8. Abdul W. Khan, UNESCO

9. Maximus Ongkili, Malaysia

10. Thierno Ousmane Sy, Senegal

11. Guy Sebban, International Chamber of Commerce

12. Carl-Henric Svanberg, Ericsson, Sweden

13. Hamadoun Touré, ITU

14. Gerolf Weigel, Switzerland

15. Sha Zukang / Sarbuland Khan (ex officio)  

 


Што значи ова за Македонија  
Со членувањето на Македонија во оваа глобална алијанса, Македонија влегува во најмоќната институција во Светот што се грижи за равојот на информатичкото општество. Огромен број на експерти, професори, успешни бизнисмени, невладини организации, претставници од други држави ќе имаат можност да ја запознат Македонија од прва рака: проектите кои што се реализираат од Владата на РМ, можностите што Македонија ги нуди за директните странски инвеститори, реформите во државата кои што се спроведуваат итн.  
Исто е важно што со ова Македонија ќе има свој претставник каде што се креира глобалната политика за развојот на ИКТ, и Македонија ќе може експресно да превземе мерки и да ги следи тие политики, со што и овозможува побрз напредок во однос на другите.  
Почитувани претставници на медиумите, ова беше темата на денешнава прес конференција.
 

Ви благодарам