Потпишување на меморандум за соработка со УСАИД

Скопје, 01 јули 2009

Министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, утре(четврток, 02.07.2009 година) ќе потпише Mеморандум за разбирање и соработка помеѓу Министерство за информатичко општество и УСАИД.


Со потпишувањето на Меморандумот ќе се создадат услови ефектно спроведување на Проектот е – Влада, како и за остварување на блиска соработка во врска со сите прашања релевантни за воспоставување на опкружување кое ќе обезбеди стабилен, конзистентен, планиран, ефикасен и стручен процес на развој на електронските комуникации во Република Македонија.


Церемонијата на потпишувањето на Меморандумот ќе се оствари во просториите на Владата на Република Македонија, Дебатна сала.


Време на одржување на церемонијата на потпишување на Меморандумот е 11:30 часот.


Предвидени се изјави за медиумите од страна на потписниците на меморандумот.