Македонија доби место во советодавниот комитет на Интернет Корпорацијата

Сеул, Јужна Кореа, 27 октомври 2009

Интернет корпорацијaта (ИКАНН), која што доделува адреси и домени во целиот свет, го прифати барањето на македонската делегација, Македонија под своето уставно име да стане рамноправна членка во владиниот советодавен комитет- ГАК. ГАК е владин советодавен комитет во кој учествуваат владини преставници од над 30 земји, односно триесет различни економии и мултинационални владини организации чиј број на членки континуирано се зголемува. Претседателот на ГАК, амбасадорот Јанис Карклинс, јавно ја поздрави иницијативата за членство во комитетот и упати честитки до македонската делегација предводена од министерот Ивановски.

 

Влегувањето на Македонија во уште едно високо советодавно тело, коешто управува со процедурите на оперирањето на интернетот и овозможува на Македонија директно да партиципира во креирањето на политики за интернационална употреба на интернетот и рамноправно да одлучува за развојот на истиот. Членувањено во ГАК e многу важно за Република Македонија земајќи го во предвид брзиот развој на информатичкото општество, а со тоа и брзиот пораст на интернетот во домаќинствата и секојдневното користење на интернет услугите од страна на граѓаните на Република Македонија. ГАК креира насоки и препораки до владите ширум светот за донесување на потребните легислативи за развојот на интернетот. Македонија мора брзо да ги прилагодува своите легислативи, да ги реструктуира институциите, со цел да се овозможи побрза експанзија на домен, корисници и пораст на интернет економијата.

 

ПОВЕЌЕ СЛИКИ ОД НАСТАНОТ