Министерот Иво Ивановски од 18-20 ноември на министерска конференција за е-Влада во Малме, Шведска

Скопје, 17 ноември 2009

Од утре, 18.11.2009 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, е во посета на Малме, Шведска. Цел на работната посета е министерска конференција за Е- Влада.

 

На конференцијата ќе биде разгледувана министерската Декларација за Е-Влада. Оваа конференција ќе биде една од најзначајните настани за развојот на Е-Влада и создавање на напредно информатичко општество кое е прилагодено на потребите и барањата на граѓаните.