С О О П Ш Т Е Н И ЕСкопје, 20 ноември 2009
Почитувани,
На 21.11.2009 (сабота) со почеток во 10:30 во просториите на Министерство за информатичко општество, министерот Ивановски ќе одржи прес конференција. Тема на прес конференцијата ќе биде информирање на јавноста за проектот Е-документи.
Проектот Е-документи подразбира воведување на нов систем со кој кога граѓанинот се обраќа до било која институција за некаква услуга, a самата институција електронски ќе ги побара сите потребни документи за граѓанинот од другите институции. Реализацијата на проектот тече во координација со голем број на институции. Главната цел на проектот е редуцирање на постоечките административните бариери.
Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |