И З В Е С Т У В А Њ ЕСкопје, 16 декември 2009 П о ч и т у в а н и,
Македонските граѓани досега во секојдневното работење, при користењето на постоечките македонски кирилични фонтови беа приморани да користат букви од бугарската и руската азбука. Со цел сочувување на основните карактеристики на македонската азбука и македонското кирилично писмо како еден од основните вредности на македонскиот идентитет, Министерството за информатичко општество изработи 81 оригинален македонски фонт за потребите на граѓаните и Владата на Република Македонија.
Главни придобивки од новите фонтови се:
● Кондензација на букви -Фонтовите подржуваат кондензација на буквите, со користење на стеснетата (Condensed) верзија на фонтот, така што текстот може да се прилагодува според големината на просторот без деформирање на оригиналниот фонт.
● Оригинални орнаменти - Serif фамилиите од оваа категорија фонтови содржат множество на оригинални орнаменти.
● Заштеда во боја -Има разлики меѓу бројот на точки кои ги имаат новите македонски фонтови и фонтовите кои претходно се користеа. Буквите од новите македонски фонтови имаат помалку точки, на пример малата бука о од фонтот Arial (системски) има 29 точки, додека малата буква о од фонтот StobiSans има 8 точки. Биквите што имаат повеќе точки при процесирањето се задебелуваат додека буквите од новите фонтови си ја задржуваат правилната форма. На тој начин се заштедуваат ресурси т.е боја при печатање на текстовите напишани со новите фонтови.
● Компатибилност на сите оперативни системи -Фонтовите се изработени во OpenType технологијата и со тоа се компатибилни со сите оперативни системи, овозможувајќи апсолутна компатибилност на сите електронски документи кои изгледаат исто, независно на кој оперативен систем се изработени
● Додатни симболи - Содржат симболи екслузивно дизајнирани за потребите на Владата на Република Македонија и нејзините институции – грбот, знамето, архивски и други општи симболи.
● Универзалност - Без проблем ќе можат да ги читаат и сите граѓани кои ги немаат инсталирано, без разлика на кој фонт работат.
● Македонски тастатури - Во пакет со фонтовите специјално се дизајнирани македонски тастатури за Windows и MacOSX.
|