С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 17 декември 2009 

Почитувани,

 

На 18.12.2009 петок, со почеток во 12ч. во средното училиште ГУЦ “Здравко Цветковски”, Министерот Иво Ивановски и Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, ќе ги доделуваат лаптопите коишто се набавени за сите наставници од средните училишта во Скопје.

 

Со ова се завршува дистрибуцијата на 1874 лаптопи кои беа набавени за наставниците од средните училишта во Скопје.

 

Со проектот “Компјутер за секое дете”,  набавени се 22000 лаптопи за сите наставници во средното и основното образование кои се очекува до крајот на јануари 2010 да бидат распределени до сите училишта. Со тоа секој професор ќе поседува свој личен, службен преносен компјутер, на којшто ќе може да ги подготвува своите наставни програми и содржини.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.