Лап топ компјутери за професорите од гимназијата ”Мирче Ацев” во Прилеп

Прилеп, 28 декември 2009

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски заедно со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на професорите од прилепската гиманзија ,,Мирче Ацев,,  им ги додели лап топ компјутерите. Со тоа во Гимназијата се осовременуваат условите за настава. Ивановски вели дека со  преносните компјутери професорите ќе можат да ги користат за да  изведуваат поквалитетна настава.

 

Во Прилеп лап топ компјутери ќе добијат 270 професори од средните училишта или вкупно за сите професори во образованието се распределуваат 470 преносни компјутери. Претходно училиштата добијаа 1700 лап топ компјутери. Со тоа практично во прилепските основни и средни училишта се распределени 6600 компјутери. - Прилеп станува модерна општина која ги следи современите текови за образование. Нема училиште каде не се инсталирани компјутерите. Во современото општество компјутерот е неизбежна алатка, преку која се стекнуваат современи знаења - рече министерот Ивановски.

 

Професорите се задоволни што преку лап топ компјутерите ќе можат полесно да ја совладувата програмата за настава и да им пренесувата современи знаења на учениците. За градоначалникот Ристески реализацијата на проектот компјутер за секое дете и за професорите во прилепските училишта се реализира без проблем. - Со компјутерите учениците добиваат современи знаења по сите предмети. Професорите пак ја олеснуваат работата. Со реализацијата на проектот придонесуваме за современо, квалитетно образование според европски стандарди, рече Ристески. Инаку, Министерството за информатичко општество е во преговори со Македонски телекомуникации за воведување на бесплатен интерент за сите училишта.