Прес на министерот Иво Ивановски: Улогата на ИКТ индустријата во македонската економија

Скопје, 05 јануари 2010 

Почитувани,

 

Дозволете да ве информирам за извештајот на ИДЦ Адријатик којшто го изработи за анализата на ИКТ пазарот на Македонија за 2008-ма година.

Најпрово би сакал да ги поздравам преставниците на МАСИТ- ИКТ комората, коишто годишно го порачуваат овој извештај да биде изработен од страна на ИДЦ Адриатик, а за потребните информации им помогна да ги добијат Министерството за информатичко општество. Г-динот Горан Митрески, Претседател на МАСИТ и г-динот Иван Митревски, извршен директор на МАСИТ.

 

Почитувани, ИКТ индустријата во 2008-мата година ја сочинуваа 898 компании  коишто претставуваат 1.6% од вкупниот број на не-финансиски компании со 2.3% од работната сила во Македонија. Со овој потенцијал ИКТ индустријата генерираше 5.0% од вкупните приходи во државната економија и 9.0% од додадената вредност .

 

Македонската ИТ идустрија генерираше $50.12 милиони во извоз на компјутери и информациони услуги во 2008-ма, што претставува неверојатен скок од 51.17% од 2007-ма. Ова е бројка со којашто многу мал број на економии можат да се пофалат и ова е за поздравување.

 

Почнувајќи од 2006-та година, кога Владата на РМ за првпат сериозно се нафати да го развива информатичкото општество, во ИТ секторот на Македонија имаше регистрирано 420 компании со 1,885 вработени. Во 2008-ма, бројот на регистрирани компании изнесуваше 786 со 3,515 вработувања. 87.14% пораст на регистрирани компании во период од 3 години и 86.42% пораст во вработувањата во истиот период. Споредено со 2007-ма, 14.1% пораст на регистирани компани и 26.6% пораст во вработувањата.  За првпат во Македонија се случува да бројот на вработени во ИТ секторот е поголем од бројот на вработени во комуникацискиот сектор.

 

Приходите на ИТ секторот во Македонија во 2006-та изнесуваа 7.8 милијарди денари, а во 2008-ма 16.3 милијарди. Пораст од 108% од 2006-2008-ма и пораст од 26.4% 2007-2008-ма.         
ИТ секторот во 2006-та година контрибуираше со вкупно 2.4 милијарди денари на додадена вредност, додека во 2008-та додадената вредност изнесуваше 4.6 милијади денари. Тоа е пораст од 84.6% и 63% пораст од 2007-ма до 2008-ма.


Најголем успех на македонската ИТ индустрија имаше во секторот на извоз. Од вкупно 76.45 милиони американски долари, 65.6% беше извоз, што претставува многу поголем износ во споредба со останатите земји во регионот.

 

Почитувани, ова се само дел од позначајните факти за порастот на домашната ИКТ индустрија. За прв пат ИТ идустријата имаше поголем број на вработени од комуникациската индустрија, каде што спаѓаат мобилните оператори, фиксните оператори, кабловските оператори и трговците чијашто дејност е продажба на комуникациска опрема. Со овај извештај се потврдува напорот на Владата на РМ за развојот на информатичкото општество и дека Македонија има потенцијал да стане земја на информатичари. Македонските компании имаат капацитет да освојуваат странски пазари и тоа го покажува фактот дека над $50 милиони изнесуваше ИТ извозот во 2008-ма година. 

 

Заложбата на ВРМ и МИО е малите и средни претпријатија да ја пренасочат својата дејност во развој на софтвер и услуги, бидејќи додадената вредност во овој сегмент од пазарот е најголема. Конкуретноста на малите и средните компании во трговијата на ИКТ е се повеќе загрозена со спојувањето на големите ИКТ фирми во балканот коишто се присутни и во Македонија. Малите маргини во препродажбата на хардверот и високите каматни стапки, дополнително го отежнуваат работењето на СМП.

 

Токму за таа цел, МИО во својата програма на работа за 2010 има предвидено голем број на проекти од доменот на е/Влада и е/Образование, каде што ќе можат да се вклучат поголем број на домашни компании со цел и 2010 да биде поуспешна година за ИТ идустријата од 2008-ма.

 

Ви благодарам на вниманието