Електронска демократија - Интернет форум за припрема на технички документи за јавни набавки

Скопје, 10 јануари 2010

Компаниите од денеска ќе имаат можност активно да се вклучат со свои забелешки во подготовката на техничките документи за јавни набавки.

Ова им го овозможува Интернет форумот за подговотвка на технички документи за јавни набавки што денеска го промовираше министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски.

 

- Целта е економските оператори да направат измени во однос на подобрување и самите уште пред да се објави тендерската документација да предупредат на недостатоците или пропустите, рече Ивановски и ги повика компаниите активно да се вклучат на форумот.

 

За да имаат пристап на форумот, компаниите ќе треба да се обратат до Министерството за информатичко општество од каде ќе добијат корисничко име и лозинка.

 

За секој документ поставен на Интернет форумот ќе има определен рок, а по неговиот истек документацијата ќе биде разгледана од претставници од Министерството за информатичко општество. Доколку е потребно, ќе бидат направени измени по што тој документ ќе стане официјален за конкретната јавна набавка.

 

Пред да се воведе интернет форумот, компаниите можеа да даваат свои забелешки за конкретен документ за јавна набавка на јавните расправи што ги организираше Министерството за информатичко општество.