С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 20 јануари 2010 

Почитувани,

 

На 21.01.2010 (четврток) со почеток во 11:00 часот, во просториите на Министерството за информатичко општество, официјално ќе се потпише договорот за реализација на Проектот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу  државните органи и институциите.

 

На настанот ќе се одржи и кратка презентација за начинот на реализација на проектот и придобивките од неговата имплементација.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.