С О О П Ш Т Е Н И Е

Скoпје, 01 февруари 2010

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, денес (01.02.2010 година) во 16:30 ч. ќе го отвори новиот бесплатен владин интернет клуб во Штип, а во 18:30 ќе го отвори интернет клубот во Св. Николе.

 

Со отворањето на овие два интернет клубови официјално започнува втротата фаза од Проектот „Светот на дланка”, преку која се планираат да се отворат 15 нови интернет клубови низ Македонија.


Проектот започна 2007 година кога беа отворени 15 бесплатни интернет клубови за граѓаните на РМ во 15 градови во Република Македонија,  со цел на граѓаните на Македонија да им се овозможи бесплатен пристап на светската интернет-мрежа.

 

Во 2009 година започна постапката за отворање на нови 15 бесплатни интернет клубови за граѓаните на Република Македонија.
Во првата фаза интернет клубови ќе бидат отворени во Штип и Св. Николе.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.