С О О П Ш Т Е Н И ЕСкопје, 05 февруари 2010 Почитувани,
На 06.02.2010 (сабота) во 12:00 часот, во хотелот Епинал во Битола, ќе се одржи работна средба на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски и ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, г-дин Златко Жоглев со претседателот на Френклин Универзитетот, г-дин Дејвид Декер.
Тема на состанокот се новововедените постдипломски студии на Френклин Универзитетот во Република Македонија.
Во 13:00 часот предвидени се изјави за медиумите.
Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.
|