С О О П Ш Т Е Н И ЕСкопје, 08 февруари 2010 Почитувани,
Од денес, 08.02.2010 министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, е во работна посета на Њу Јорк, Соединетите Американски Држави. Цел на посетата е одржувањето на состанокот на членовите на Управниот одбор на ‘’Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички технологии и развој (GAID)’’.
На состанокот ќе се дискутира на теми за поттикнување на развојот на ИКТ во светот и за подготовките за Годишниот состанок на GAID во 2010 кој ќе се одржува во Шангај, Кина.
|