С О О П Ш Т Е Н И ЕЊујорк, 09 февруари 2010 Вчера 08.02.2010 во Њујорк, Соединетите Американски Држави, се одржа состанок на Управувачкиот комитет на “Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички технологии и развој (GAID)’’, каде што министерот Ивановски е член. На состанокот учество зедоа највисоки претставници на компании од областа на ИКТ, министри од повеќе земји, како и значајни носители на одлуки од целиот свет. Управувачкиот комитет кој е составен од претседател и неколку потпретседатели, вкупно 20 члена, поставени од Генералниот секретар на Обединетите нации, ја разгледаа програмата за работа на ’Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички технологии и развој (GAID)’’ и дискутираа за Декларацијата за “Правото на интернет пристап во денешните информатички општества”, како и за иницијативи за развој на ИКТ на глобално ниво. На состанокот исто така се дискутираше и за подготовките за Годишниот состанок на GAID во 2010 кој ќе се одржува во Шангај, Кина.
|