Отворен бесплатен интернет клуб во Кратово

Кратово, 21 февруари 2010

Проектот Светот на дланка кој започна во 2007 продолжува и оваа година, имено продолжува реализацијата на втората фаза од проектот за отварање на бесплатени интернет клубови во секој град во Република Македонија.

 

По овој повод на 21.02.2010 Претседателот на Владата на Република Македонија,  Никола Груевски и министерот за информатичко општество, Иво Ивановски свечено го пуштија во употреба бесплатниот интернет клуб во Кратово, во центарот на градот.

 

Клубот кој беше отворен во Кратово е 20-ти по ред бесплатен интернет клуб во цела Македонија. Вакви исти интернет  клубови ќе се отворат уште во 10 други градови. Со ова граѓаните во 30 градови во Република Македонија ќе можат да користат компјутер со бесплатен интернет.