С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 05 март 2010 

Почитувани,

 

На 07.03.2010 (недела) во 15:20 часот, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски ќе го посетат Студентскиот дом “Кочо Рацин ” во Битола. Целта на посетата е воведувањето на бесплатен интернет за студентите во студентскиот дом. Наскоро бесплатен интернет, исто така ќе добијат и студентите во студентските домови во останатите градови во Република Македонија.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.