С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 23 март 2010

Почитувани,        

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, заедно со амбасадорот на Република Романија, Стефан Константинеску,  ќе одржат предавање за Европската Унија пред средношколците во СУ “Панче Караѓозов” во Скопје.

 

Целта на утрешното предавање е запознавање на учениците со тоа што претставува Европската Унија, кои се економските и политичките критериуми за членство во истата, како и придобивките од членството во Унијата.

 

Настанот е предвиден за утре 24.03 со почеток во 12ч.