Македонија на 51 место во развој на информатичко општество од 158 држави

Скопје, 25 март 2010

Македонија бележи напредок од 12 места на листата на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) за развој на информатичкото општество. Во најновиот извештај „Мерење на информатичко општество“ за периодот 2007 и 2008 година, е рангирана на 51-во место, од вкупно 159 држави. Целокупната оценка за Македонија од 3.40 во 2007 е подобрена на 4.32 во 2008 година.

 

Податоците ги објави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество Иво Ивановски, оценувајќи дека станува збор за голем напредок на Македонија во развојот на информатичкото општетсво, верификуван од најкредибилната меѓународна институција.  

 

Македонската држава има најголем напредок од сите оценувани земји со поместување за 17 места, односно од 67-то на 50-то место, во поглавјето во кое се оценува пенетрацијата на фиксни и мобилни  телефонски линии, меѓународниот опсег по корисник и процентот на домаќинства со комјутери и со интернет пристап. Подобрување за осум места, од 57-то на 49-то, Македонија бележи во пенетрацијата на интернет корисниците и на фиксниот и на широкопојасниот интернет.  

 

Од земјите во регионот пред Македонија се Хрватска, Грција, Бугарија и Црна Гора, но нивниот напредок, укажа Ивановски, е многу помал, односно за разлика од нас Црна Гора бележи поместување за три места, Бугарија е на истото ниво, а Хрватска и Грција за по едно место. Подолу на листата од Македонија се рангирани Босна, Турција, Србија и Албанија.

 

Според министерот Ивановски, во делот од извештајот на ИТУ за напредокот на Македонија, големо внимание е посветено на подобрувањето на ИКТ инфраструктурата, проектите е-влада, е-образование, работната сила. - Вложените напори во ИКТ инфраструктурата и пристапот резултираат со значаен напредок, а особено импресивни се подобрувањата во областа на широкопојасниот интернет во земјата, рече министерот за информатичко општетсво.

 

Тој очекува извешајот на ИТУ за 2009 година да биде со уште подобри резултати, затоа што во 2009 година биле реализирани повеќе проекти, при што користењето на компјутер изнесуваше 51 процент, а интернетот во домаќинстават над  41 процент. 

 

- Со инвестиците што ги правиме во полето на ИКТ, со продолжување на либерализацијата на телекомуникацискиот пазар, инсталирањето на интернет кисоците во руралнитре средини, со воведувањето поголем број електронски услуиги Макеоднија ќе продолжи да напредува со развојот на информатичкото општетсво, истакна Ивановски.

 

Извештајот на ИТУ ги потенцира клучните трендови на глобално, локално и национално ниво, ги прикажува земјите кои имаат најдорби резултати во развојот на информатичкото општетсво и ги идентифуикува главните носители на промени.