Бесплатен интернет во Студентскиот дом Пелагонија

Скопје, 09 април 2010

Во рамките на проектот за бесплатен интернет во студентските домови, денеска министерот за информатичкo општество г-дин Иво Ивановски го промовира проектот и  во студенскиот дом Пелагонија во Скопје.

 

 Со овој проект е поставeна комуникациска инфраструктура до секоја соба во студентските домови и со тоа се овозможи бесплатен интернет пристап за сите студенти сместени во студентските домови. Проектот се работи во соработка со АД Македонски Телеком.


- Ова е третиот студентски дом во кој што официјално го промовираме овој проект, поставена е интернет конекција во сите студентски соби и во секоја соба има приклучок за секој студент - истакна министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

 

Овој проект е дел од владините проекти за развој на високото образование како што се новите факултети и дисперзираните студии во повеќе градови, електронското аплицирање за сместување во студентските домови, бесплатен интернет во домовите,стипендии за најдобрите ИТ студенти, обезбедената научна литература која се користи на реномирани универзитети во светот.