Електронско поврзување на институциите за надминување на административните бариери

Скопје, 18 март 2010

Интероперабилноста е еден од најзначајните проекти на Владата за развојот на информатичкото општество во Македонија, бидејќи со тоа се поставува начин на комуницирање на државните институции со цел да се елиминираат административните бариери и да се воспостави комуникациска врска каде институциите кога ќе разменуваат податоци меѓу себе ќе бидат поефикасни, потранспаренти и поодговорни пред граѓаните.


Тоа го изјави министерот за инфроматичко општество Иво Ивановски по обраќањето на тркалезната маса на тема „Интероперабилноста нуди избор, поттикнува иновации и создава можности“, што ја оранизираше Microsoft Македонија.


Според него, интероперабилност е многу битна како за државниот, така и за јавниот сектор, а со поврзување на регистрите се отвора една нова гранка во економијата, каде македонските фирми ќе може да градат електронски сервиси и услуги.


Ивновски информира дека Министерсвото минатата година почнало со реализација на пилот проект за поврзување на Цариснаката управа, Агенцијата за недвижности, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар и Управата за јавни приходи.


- Откако овие институции ќе го воспостават линкот на комуникација, следи надградба и на останатите институции, да може и во Македонија како во развиените западноевропски земји граѓаните кога ќе се обратат до која било државна институција со доставување на својот единствен матичен број или документ за лична идентификација барањето да биде автоматски генерирано, појасни Ивановски.


Извршниот директор на Microsoft Македонија, Илијанчо Гаговски, смета дека институциите имаат се поголема потреба да комуницираат меѓу себе, посочувајќи дека интероперабилноста стана неопходна категорија.


- Интероперабилноста се наметна како клучен фактор за функционирањето на системите онака како што замислуваме без никави проблеми на комуникација на податоци меѓу себе, практично и транспарентно, додаде Гаговски.


Владата неодамна ја донесе Националанта стратегија 2010 - 2012 година во која се опфатени повеќе проекти поврзани со електронски услуги.