Најава за промоција на книги

Скопје, 14 април 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски на 15.04 (четврток) ќе ги промовира 15–те наслови на преведените книги од областа на информатичко–комуникациските технологии. Ова е дел од проектот Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

 

Промоцијата ќе се одржи во амфитеатарот на Факултетот за електро–технички и информациски технологии (ФЕИТ).

Настанот е предвидено да започне во 11:30 часот.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.